Комплексот се наоѓа на 600м надморска височина, во мирна и зелена околина.
Овој комплекс нуди уникатна можност за живеење во здрава и чиста околина, надвор од градскиот метеж
на само 6км од центарот на градот.
Позициониран на јужната страна на падините на Водно, овозможува многу сончеви денови во текот на целата година
и избегнување на сивилото на скопската котлина.
Објектот е граден по најсовремени европски градежни стандарди, со енергетски пасош за А+ категорија
и максимална заштеда на потрошувачката на електрична енергија за ладење и греење до 70%.
Комплексот Сончева Порта како што може да се види од приложените основи е составен од два објекти и е поврзан со плато кое е заедничко за сите станари. На платото се наоѓа базен кој е во функција само за станарите на комплексот.
Под платото е обезбеден внатрешен и надворешен паркинг простор за возилата на станарите.
Нудиме продажба на станови со различни големини од 42м2 до 110 м2.
Цена: 900 евра/м2 + 5% ДДВ
За сите дополнителни информации слободно контактирајте не.
Комплекс
СОНЧЕВА ПОРТА / SUN GATE
На една од најубавите локации на Водно, на надморска висина од 650 м и на само 3.5 км од градот, почната е изградбата на луксузен стамбен комплекс – СОНЧЕВА ПОРТА. Објектот е граден според еден од најафирмираните еко системи за градба и изолација - SWISS GREEN BUILDING, што имплицира исклучително економичен, централен систем за греење и ладење, со кој се заштедува енергија, а пред се сретства на годишно ниво. Проектот Сопиште е во регија со најмногу сончеви денови во годината, што подразбира дека апартманите, со нивните панорамски прозори , се поставени на совршена југоисточна страна. Комплексот располага со свој приватен базен, кој архитектонски и визуелно атрактивно се вклопува во модерниот дизајн на овој проект во целост. Квадратурата на апартманите започнува од 39 до 99 метри квадратни, а цената започнува од 850ЕУ за метар квадратен.
Во проектот е исклучително посветено внимание на конструктивниот сегмент, изборот на материјалите и начинот на изработка. Архитектонски, проектот е предизвикувачки и модрен и го одбележува модерното време, како и потребите на урбаниот човек или семејства кои имаат повисоки и пософистицирани погледи на секојдневието и животот воопшто. Материјалите и изработката се од највисок квалитет, што оди во прилог на долгорочноста на градбата како и во задоволување на потребите и изострениот вкус на новите станари (односно клиентите).
Што се однесува до визуелната компонента, проектот е несекојдневен и модерен, со архитектонски атрактивна надворешна линија, како и совршено испланирани комфорни ентериери, со пространи