ПРЕЗЕМИ ОСНОВИ

ЛОКАЦИЈА

 

Комплекс

СОНЧЕВА ПОРТА  / SUN GATE

На една од најубавите локации на Водно, на надморска висина од 650 м и на само 3.5 км од градот,  почната е изградбата на луксузен стамбен комплекс –  СОНЧЕВА ПОРТА. Објектот е граден според еден од најафирмираните еко системи за градба и изолација - SWISS GREEN BUILDING, што имплицира исклучително економичен, централен систем за греење и ладење, со кој се заштедува енергија, а пред се сретства на годишно ниво. Проектот Сопиште е во регија со најмногу сончеви денови во годината, што подразбира дека апартманите, со нивните панорамски прозори , се поставени на совршена југоисточна страна. Комплексот располага со свој приватен базен, кој архитектонски и визуелно атрактивно се вклопува во модерниот дизајн на овој проект во целост. Квадратурата на апартманите започнува од 39 до 99 метри квадратни, а цената започнува од 850ЕУ за метар квадратен.

Во проектот е исклучително посветено внимание на конструктивниот сегмент, изборот на материјалите и начинот на изработка. Архитектонски, проектот е предизвикувачки и модрен и го одбележува модерното време, како и потребите на урбаниот човек или семејства кои имаат повисоки и пософистицирани погледи на секојдневието и животот воопшто. Материјалите и изработката се од највисок квалитет, што оди во прилог на долгорочноста на градбата како и во задоволување на потребите и изострениот вкус на новите станари (односно клиентите).

Што се однесува до визуелната компонента, проектот е несекојдневен и модерен, со архитектонски атрактивна надворешна линија, како и совршено испланирани комфорни ентериери, со пространи